
Во Москва започна поклонувањето пред посмртните останки на убиениот во Турција амбасадор на Русија Андреј Карлоо. На траорната церемонија ќе учествува претседателот Владимир Путин. Опелото ќе биде извршено од патријархот Кирил.
Андреј Карлов беше убиен на 19 декември во Анкара од поранешен полицаец за време на отворањето на изложбата “Русија – од Калининград до Камчатка низ очите на патникот”.
Поради жалната церемонија претседателот Путин ја помести за еден ден годишната прес-конференција.
Меѓу блиските на Карлов кои присуствуваат на поклонувањето се Марија Карлов – мајка на амбасадорот, вдовицата Марија Карлов, синот Генадиј Карлов, кој исто така е дипломат и работи како аташе во амбасадата на Северна Кореја, а исто така и сестрата на Карлов – Елена Ширанкова.
![]()
![]()
![]()