Американското разузнавање дошло до одредени резултати од тестот, изјавил портпарол на военото министерство, кој одби да го коментира новото страшно оружје
Русија, извршила тест на револуционернаата беспилотнат подморница-торпедо, способна да носи нуклеарно оружје, што претставува голема стратешка закана за американски пристаништа.
Американското разузнавање дошло до информации за тестот на беспилотната подморница наречена од Пентагон со кодно име “Кањон”, а според довро упартените експерти станува збор за подморница од класата “Саров”, изјавиле вработени од Пентагон, запознаени со случајот, соопшти “Вашингтон Фриј Бијкн” (УФБ )А.
Нема информации за местото на тестот и за резултатите од тестот. Портпаролот на Пентагон одби да го коментира прашањето: “Внимателно го следиме развојот на подводниот сили на Русија, но нема да коментираме посебно некои од нив”.
Според информации во руски медиуми “Кањон” може да биде ангажиран на длабочина до 1000 метри. Таа се движи самостојно на растојание дод 10 000 км. азвивајќи брзина до 56 јазли на час.
За првпат рускиот проект беше објавен од УФБ во септември 2015 година, а два месеци подоцна информациите беа потврдена од руски воени. Подоцна стана јасно дека руски претставници по грешка откриле за светот тајна програма.
Во Русија проектот е со името “океан со повеќе наменски систем” Статус-6 “.
Развиен е од конструкторското биро “Рубин, што е дел од претпријатието на одбранбената индустрија за изградба руските подморници.
Според американското разузнавање “Кањон” ќе биде вооружена со најмоќните нуклеарни боеви глави, чија моќност е еднаква на експлозија на милиони тони ТНТ.
Ова оружје може да биде искористено против американски пристаништа и бази, вклучувајќи и против оние каде се нуклеарните подморници со балистички проектили. Двете пристаништа за американски нуклеарни подморници се во Кингс Беј, Џорџија, и Пјуџет Саунд во државата Вашингтон.