(ВИДЕО+ФОТО18+) Шок: Лав раскина до смрт укротител пред преплашени гледачи

од Vladimir Zorba
153 прегледи

Толпата лелека во паника, додека ѕверот го напаѓа човекот  и го парчосува и дере, парче по парче.

1480599866-dad3
Шокантни кадри се појавија на социјалните мрежи. На нив се глед моментот кога лав го раскинува укротител за време на циркуско шоу во живо во Египет. 35-годишниот Ислам Сахин бил снимен како се приближува до лавот со стап во рака, додека друг лав се качува на скали за време на претстава во Александрија.

Во следниот момент третиот лав отскокнува и го напаѓа укротителот, а потоа почнува да го дере и гризе по горниот дел од телото. Сето ова се случува пред очите на мали деца кои почнуваат да „пишатат од ужасо„.

Другите укротители веднаш се притрчале на помош на Ислам, но веќе било доцна. Ѕверот му нанел фатални рани.

Музиката запира и се слуша како толпата лелека од ужас.

Сахин веднаш е однесен во локалната болница, каде починал од повредите. Според зборовите на неговиот брат, тој работел како укротител повеќе од 10 години.

Наводно, лавот бил нов во трупата и тоа може да биде причина за трагедијата.