
Очајни обиди преживеаните да бидат спасени, луѓето истражуваат под урнатините со голи раце
Обемот на разурнувањата како резултат на моќниот земјотрес во Италија открива потресни слики и ужасни приказни на преживеани. Според нив четири града речиси се срамнети со земјата само во секунда.

Најмалку 63 лица загинаа. Меѓу нив има две бебиња. 150 лица се водат како исчезнати. Се смета дека тие се уште се под урнатините на зградите.
Потресот беше со магнутуда од 6.2 степени и се случи околу 03:30 часот по локално време, додека луѓето се спиеле во нивните кревети.

Спасувачите раскажуваат како слушаат детски извици под урнатините, а локалното население со голи раце се обидуваат да ги извадат и спасат. Земјотресот ги погоди градовите Акумоли, Аркуита дел Тронто и Пескара дел Тронто.
Земјотресот беше толку силно што беше почувствуван и во главниот град Рим, која се наоѓа на околу 160 километри. Потресот дури беше почувствуван и во Хрватска.

Преживеаните ги опишаа “апокалиптични” сцени во градовите и селата во близина на градот Перуџа – административниот центар на популарниот меѓу туристите регион Умбра.
Епицентарот на потресот бил во близина на Норчија во умбра, на околу 160 километри источно од Рим. Како резултат на земјотресот се урнатие мостови и се активирани свлечишта. Тие се отцепени од цивилизацијата. До голем број на градови и села, спасувачките екипи успеале да стигнат до нив само пеш.

Градоначалникот на Акумоли Стефано Петручи изјави утрово: “Градот веќе го нема”. Во меѓ увреме луѓе беа изнмесувани на носилки и вадени од урнатите згради.
Други пак очајно претресуваа барајќи преживеани или плачеа, гледајќи по остатоците од своите домови.

Фотографот Емилијано Грилоти рече дека во Акумоли видел околу 15 лица, кои со голи раце се барале низ урнатините, за да го спасат четиричлено семејство со две деца.
“Слушнале како едно од децата лелека”, рече тој.

Првите жртви на потресот се постар пар, загинала кога домот им се урна врз главите во Пескара дел Троно. Беше соопштено дека четиричлено семејство, вклучувајќи и осуммесечното бебе и 8-годишниот брат, исто се жртви на потресот во Амумоли.

Двајца браќа – на 7 и 4 години, биле извадени од под урнатините, откако успеале да се скријат под кревет заедно со баба им. Во населбата Аркуата дел Троно над 100 лица остануваат во неизвесност.

Новороденче беше пронајден мртво среде урнатините на домот на неговото семејство во центарот на Аркуата дел Троно.
Земјотресот удри во момент когапоради летото населението во малите гратчиња и села е зајакната постојано од туристи.

Според зборовите на градоначалникот на Акумоли, четиричлено семејство со деца на 8 месеци и 9 години, како и друг маж загинаа при уривање на куќата во Акумоли.
“Сега, кога стана посветла, гледаме дека ситуацијата е уште пострашна отколку што се плашевме. Зградите се урнати, луѓето се затрупани под урнатините и нема знаци на живот. Се соочуваме со трагедија. Четворица тука се под урнатините, но не покажуваат знаци на живот. Двајца родители и две деца “, рече Стефано Петручи.
“Се соочуваме со катастрофа. Нема струја, нема телефони, спасувачките екипи се уште не се пристигнати. Земјотресот ги уништи нашите домови и ги погреба луѓето под остатоците во малиот град Аматрис. Патиштата кон градот се блокирани. Нема половина град “, рече градоначалникот Сеџио Пирози.
“Има луѓе под урнатините … Имаше лизгање на земјиште Мацини и мостот се сруши. Ситуацијата е трагична, има многу мртви. Не можам да кажам колку, бидејќи спасувачките операции продолжуваат. Ситуацијата е многу тешка “, рече тој.
Целиот центар на Аматрис е срамнет со земја. На улиците се гледаат само остатоци и искривени железа. “Целиот таван падна врз мене. Успеав да ставам перница врз главата и за среќа ништо не ме удри. Само ногата ми е малку повредена “, вели Марија Џијани.
Друга локална жителка рече дека ја разбудило тресењето на зградите. Кога отворила очите таа видела како ѕидот на спалната ‘се цепи на два. Тогаш таа ги фатила деца и побегна на улицата.
Локален жител на Конфино, блиску до Аматрис, се сеќава со ужас: “Беше кошмар. Се разбудив во 03:35. Мебелот паѓаше. Ѕидовите се движеа со околу еден метар. Кој се појавив надвор, многумина беа во пижами или по долна облека. Запаливме огнови на плоштадот и тргнавме да им помагаме на луѓето да излезат од под урнатините “.
