(Видео) Футуристичката компанија Youbionc разви ракавица која на човечката рака додава две шаки

од desk2
116 прегледи

Футуристичката компанија Youbionic со помош на 3D печатач разви ракавица која додава две шаки на човечката рака, пренесе технолошкиот магазин Gizmodo.

Целта на вештачките раце и нозе вообичаено е замена за веќе изгубена, но некои се посветени на развивање протези кои ги зголемуваат можностите кај здравите луѓе.

Со овие шаки човекот ќе може побрзо да типка на тастатура, да поставува неверојатни рекорди на некои игрички, или да носи повеќе пива одеднаш.

Засега роботските раце се ограничени на отворање и затворање на шаката, но се работи на нивно усовршување. Изработение
се од пластика, која е полесна од металот, но не е издржлива како човечките коски и месо.

Цената на една ракавица со две шаки е 2.100 долари.

Ова не е прв пат да се развијат дополнителни раце, до сега направена е трета рака за тапанари која се монтира на рамото, а Јапонците развија две дополнителни раце кои се движат со помош на нозете.