Новите авиони ќе можат селективно да ја исклучуваат електрониката на авијацијата и дроновете на противникот, како и фиксните комплекси на противвоздушната одбрана. Воздушно- вселенските сили на Русија ги добија во вооружување трите прво авион Ил-22ПП “Порубшчик” .
Опремата за водење на радиоелектронска војна е лоцирана на авион од средината на 1970-те години. Независно од тоа, програмерите уверуваат дека обновената машина е способна да се спротивстави на најсовремените електронски системи кои се вклучени во опремата на непријателски авиони.

“Новата опрема овозможува да бидат” ослепени “машини од типот AWACS, авиони со радар за откривање на странска радарски опрема. Покрај тоа Ил-22ПП” Порубшчик “ефикасно ќе се спротивстави на комплексите за противвоздушна одбрана Patriot”, изјави за “Руски дневник” извор од одбранбено-индустрискиот комплекс на Русија.
Според зборовите на конструкторите новиот Ил-22ПП “Порубшчик” може селективно да ја исклучува апаратурата на противникот преку заглушувањњ, а исто така и да става “капи” со слични можности за радиоелектронска борба на оружјето на противникот.
“Пред почетокот на работата на системите за електронски пречки авионот врши скенирање преку радио сигнали на зоната на својата дејност. По откривање на фреквенцијата на која работат авионите на непријателот, операторот на авионот ги вклучува системите во потребните граници”, додаде соговорникот.
Зошто за основа е земен авион од минатиот век?
Според зборовите на полковникот во пензија и воен набљудувач на изданието Газета.ру Михаил Ходоренко Ил-22 е една неопходна мерка од страна на војската.
“Беа разгледани уште неколку варијанти – авиони од семејството Ан-140 и Ан-158 со Турбомлазни мотори, а исто така и Ту-214. Но, во моментот на формирање на наредбата за државна одбрана во 2009 година, ниту еден од наведените модели не беше целосно подготвен за спроведување на новите системи за радиоелектронска борба “, изјави за” Руски дневник “воениот експерт.
Според неговите зборови во врска со тоа се потребно новото оружје да биде поставена на “стар испробани коњ”.
“Безусловно тоа не е идеално решение. Секогаш има нешто подобро, но ќе треба да направиме избор – или да останеме без авион за радиоелектронска борба, или да оставиме летањето да биде испитано”, додаде тој.
Како што истакна Ходоренко, одлуката на руското Министерство за одбрана има привремен карактер и во блиска иднина Ил-22ПП “Порубшчик” ќе биде заменет од современ модел авиони.
Комплексите за радиоелектронска борба во современата војна
Системите за радиоелектронска борба се менуваат не толку во квалитетот на средствата за “напад”, туку и во начините да ја направат војската невидлива за ракетите за време на борбени дејства.
На пример борбените хеликоптери Ми-24 и Ка-52 во Сирија беа опремени со комплекси за индивидуална заштита “Витебск” и “Президент”.
“Интегрираните кон техничките комплекси за радиоелектронска борба можат исто така да создаваат ракети со оптичкиои инфрацрвено насочување, дури и да ги отстапуваат од првичната траекторија на летот”, изјави за “Руски дневник” воени експерт на “Известија” Дмитриј Сафонов.
Илустрација на можностите на интегрираните системи во хеликоптерите може да се види во комплексите за заштита од проектили со термичко насочување.
Инцидент беше забележан во предградијата на Алепо од борците на “Фронтот за автентичност и развој”, потпомогнат од единиците на умерената опозиција, поддржана од САД. Антивладините сили отворија оган од пренослив ракетен комплекс “Игла-1” по сириско воено-транспортен хеликоптер Ми-17.
Како се држела техниката јасно може да се види на кадрите:
https://youtu.be/JAqMvVxMsas
Според зборовите на Сафонов на сличен принцип работат “копнените” комплекси за радиоелектронска борба.
Особено, околу руската авиобаза во Хмејмим во Сирија во моментов се наоѓаат машини од типот “Красуха-4” – оваа техника ги парализира сите копнени електронски системи на противникот во радиус од 250 километри.
Според експертите во 2020 година техничкиот парк на руската армија ќе биде обновуен со овие примероци за 70%.