(ВИДЕО) Големата потера на канадската полиција по тинејџери – убијци ја прекина поларна мечка

од desk2
172 прегледи

Канадската полиција и војската интензивно ги бараат тинејџерите , осомничени за убиство на младата двојак , Австралиецот Лукас Фаулер (24) и Американката Чајна Дис (23) .

Во потрагата по убијците Кам МекЛоуд (19) и Брајер Шмегелски (18) се вклучи викендов и военото воздухопловство на Канада. Сите расположиви полициски сили детално го пребаруваат секој дел од ретко населените области во покраината Манитоба.

Но , акцијата била прекината , откако патролата наишла на поларна мечка , а фотографијата ја објавила локалната полиција на својата страница на социјалните мрежи.

Инаку , убијците на Австралијанецот и Американката се во бегство од 14 јули , кога биле најдени телата на двојката изрешетани на автопат во западна Канада.

Полицијата претпоставува дека тинејџерите пешки се движат низ непристапните предели , откако во понеделникот бил најден изгорен џипот Тојота , со кој бегале.

До сега полицијата испрашала над 600 лица за да дојде до трагата на тинејџерите.

Слични содржини