213
![143944](https://lokalno.mk/wp-content/uploads/2016/09/143944.jpg)
Катица Јанева нема да добие поддршка од власта за трите барања кои ги испорача од собраниската говорница, информира 24Вести.
Продолжувањето на рокот за истрагите, измените на законот за заштитени сведоци и законот за заштита на приватноста ќе го чекаат новиот собраниски состав после изборите. Лидерот на ВМРО- ДПМНЕ одговарајќи на новинарско прашање, дипломатски и порача на специјалната обвинителка дека неговите пратеници нема да дадат поддршка на барањата.
Обезбедивме се што беше потребно, буџет, средства, вработувања, простории, логистика и се она што и беше потребно. Се сменија потребните закони заедно услогласени со опозицијата и не сметаме дека има потреба од негово проширување, надградување или нов договор, изјави Никола Груевски.
Целиот текст можете да го прочитате тука