(ВИДЕО) Груевски: Треба да се донесат мудри и рационални одлуки

од desk2

„Треба да имаме мирен и транспарентен конгрес, треба да се донесат мудри и рационални одлуки“, изјави вечерва претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски. Тој вели дека е важно да се насочат кон напредна и просперитетна Македонија, а предуслов за тоа е рушење од власт на СДСМ.

Ваквата порака тој ја испрати на почетокот на вонредниот Конгрес на ВМРО-ДПМНЕ на кој се бира негов наследник, по неотповикливата оставка која што неодамна ја поднесе на лидерското место.

Единствен кандидат за лидерското место е Христијан Мицковски. Според агендата на Конгресот, утре треба да биде избран новиот претседател на ВМРО-ДПМНЕ./a1on

Слични содржини