Шестмина полицајци и двајца цивили се повредени синоќа за време на демонстрациите во главниот град на Црна Гора пренесе РИА “Новости”.Полицијата употреби и солзавец и сила против протестантите. Во Подгорица се разгоруваат протестите за оставка на владата на Мило Ѓукановиќ, кој фактички управува со земјата над 20 години, соопштуваат странските агенции
.Според извештаите на полицијата повредени се петмина службеници на органите на прогонот, еден офицер добил тешка телесна повреда, а еден од учесниците во протестот бил удрен со камен во главата, кој бил наменет за полицијата. Полесни повреди добиела и уредничката во локалниот телевизиски канал Pink M, откако зградата била нападната со камења.
Силите за безбедност уапсија еден од осомничените за нападот, кој се покажа како 36-годишен жител на Подгорица. Водечките медиуми во земјата, вклучувајќи државната телевизија, соопштија за користење на солзавец од силите на редот за разбивање на протестот, но во официјалното соопштение на полицијата таквите информации недостасуваат.
Според зборовите на лидерот на Демократскиот фронт Андрија Мандиќ, “цела Црна Гора е дојдена во Подгорица “. Според неофицијалните податоци акцијата собра неколку илјади учесници во протестот. Опозициските лидери, незадоволни од социо-економската ситуација во земјата, побараа од властите до следната сабота да се формира преодна влада, а ако барањето не биде исполнето, ветија нови масовни протести.
Како што веќе информиравме синоќа оќни полициски сили ги спречија демонстрантите да стигнат до зградата на црногорскиот парламент во центарот на главниот град Подгорица При судирите меѓу настраданите се и пратеникот Небојша Медојевич и заменик-претседателот на Народното собрание Бранко Радуловиќ. Тие се со полесни повреди. Центарот на градот беше целосно блокиран, а десетици излози на продавници беа уништени. Приврзаниците на Демократската фронт се обидоа да го пробијат полицискиот кордон околу Парламентот, но силите на редот употребија солзавец и шок бомби врз демонстрантите а тие возвратиле со камења и молотови коктели.
Полицијата го блокира пристапот до сите државни институции во градот. По судирите демонстрантите се собраа пред седиштето на партијата Нова српска демократија, каде што нејзиниот лидер Бранко Радуловиќ ги повика приврзаниците да се соберат во центарот на Подгорица.
Во саботата наутро црногорската полиција пред зградата на парламентот урна опозицсики камп со шатори на демонстрантите кои таму беа цели 20 дена. Активностите на полицијата беа осудени од сите опозициски политички партии, како и од српската црква во Црна Гора.