(ВИДЕО) Илиевски: Лицемерни се ветувањата на ДПМНЕ, ние ќе го вратиме животот во Битола!

од Vladimir Zorba
66 прегледи

Изјава на Методи Илиевски, советник во Општина Битола од СДСМ.

metodi

Граѓаните кажаа што мислат за лажните ветувања и за непотребните трошења народни пари на власта во заминување, на последните парламентарни избори на кои Вмро во Битола беше поразена.

Граѓаните на Битола 10 години се оставени без егзистенција, без работа, а и локалната власт за 12 години не направи ништо за нивните реални потреби.

Каков спортски центар со спортски сали, базени, какви чуда ветуваат сега пратениците Зоран Илиоски и Лилјана Кузмановска, кои во минатото гласаа против повеќе амандмани за доброто на Битола , а вчера повторно се обидоа да манипулираат со битолчани.

Па граѓаните знаат дека Дпмне во изминатиот период не успеа да ја реконструира постоечката спортска сала и стадионот кои се во очајна состојба.

Да, ќе има целосна реконструкција на спортската сала Младост, стадионот под Тумбе Кафе, Планинарскиот дом Копанки, ќе има и нов мултифункционален спортски комплекс. Ќе има и живот во Битола. Но тоа ќе го направи новата одговорна локална власт на граѓаните во Битола, предводена од Битола.