Собранието не работи за време на празниците, но партиите празнично се активираа со нови преписки со непроменети ставови, посочува ТВ24.

ВМРО-ДПМНЕ останува на позицијата дека е потребна исцрпна дебата за платформата на албанските партии која ја смета за закана за националната безбедност додека СДСМ се уште најавува поактивни мерки за деблокирање на собранието и адресирање на точките на дневен ред на конститутивната седница.
Пратениците треба да бидат поактивни а новата влада треба да се формира врз база на понудените програми, порачуваат упатените.
„Тоа може да се прекине со иницијатива којашто согласно Деловникот ќе ја покренат 20 пратеника, да изберат прецедавач, да изберат претседател и да се турка целата работа“ – вели професорот Јове Кекеновски.
„Секоја тенденција да се спречи демократксиот начин на бирање на претседател, конституирање на претседател и бирање на влада, ќе има реперкурси за нив и граѓаните ќе сфатат дека не мже малцинството, во овој случај ВМРО-ДПМНЕ да диктира темпо и начин како треба понатаму“ – вели Исмет Рамадани од Евроатланскиот совет на Македонија.
Додека Рамадани вели дека изборот на на нов владин состав треба да се изврши врз база на понудени програми, а сите останати прашања да се отворат во институциите кои треба да се деблокираат, Кекеновски порачува: Ако политичарите вистински се заинтересирани за напредок, тогаш нека се откажат од платформата.
„Треба да ја повлечат зошто најголем дел од барањата на албанските политички партии, досега ги има исполнето претходниот премиер Груевски, ако ги видите сите документи ќе се види дека во најголем дел е излезено во пресрет на тие барања“ – вели Кекеновски.
Целиот текст можете да го прочитате тука