Ви го пренесуваме вечерашното издание на емисијата Топ тема на Телма телевизија каде се емитуваше интервју со Илија Гечев, сопственикот на фабриката ИГМ Трејд од Кавадарци, кој на новинарката отоврено пред камерите  и се закани со повеќе тужби за нарушен углед.

Во фабриката пред пет и пол години смртно настрада 24 годишниот АлександарТашев а две години подоцна во истата хала без две раце остана Христијан Стојанов . Нивните предмети се уште се во судските лавиринти. Гечев тврди дека изостанала неговата вистина, во приказната, но просторот кој го доби во емисјата ,тој го искоритсти само за да каже  дека не се согласува и дека ќе поднесе повеќе тужби против новинарката и емисјата КОД, не аргументирајќи што било непрофесионално и надвор од кодексот на новинарите.