(ВИДЕО) Интервју на Саше Политико со Бекир Асани: Никогаш не сум удрил и нема да удрам жена, и се извинувам, а Насер бил безвреден нема да му фали ништо !

од Vladimir Zorba
189 прегледи

Ви го пренесуваме интервјуто на Саше Ивановски – Политико за порталот Мактел со Бекир Асани од ДУИ, кој овие денови е во центарот на вниманието на јавноста по каде тој вербално нападнал полициска службеничка кога возило „пајак“ требало да го подигне неговото непрописно паркирано возило „ленд ровер“. Авторот му побара покајание и извинување за сите негови недела со новинарите.

Според билтенот на МВР, тој влегол во вербална расправија со полицајката, а таа на помош повикала да интервенираат и други полицајци. Од МВР ги демантираа гласините дека Асани физички ја нападнал полициската службеничка, кои произлегоа по информацијата дека таа по инцидентот била во Градска болница.

Асани во интервјуто вели дека никогаш не удрил и нема да удри жена, како и дека и се извинува на полицајката Јасмина Јаначкова за вербалниот напад кон неа, како и на јавноста за својата грешка. Тој вели дека немало потреба толку полиција, ама немало потреба , а според неговиот исказ тој само нервозно викал а не тепал, иако очевици го тврдат спротивното.

Во однос на заканите за Насер Селмани  за претседателот на ЗНМ АСани вели ен занел што  му рекол брат му а тој за него бил човек без никаква вредност, и никој нема ништо за него да превземе.

,,Без да се навредите вие, ги разбирам македонските новинари, но не можам да го разберам нашето копиле(Политико се смее). Ако сакал да разбере(Селмани) што се случува можел да не контактира. Неговата објава не беше убава. И јас имам фамилија и пријатели, и заради Насер Селмани ми се пцуеше фамилијата. За заканата што му ја упатил брат ми, јас разбрав последен. Имам порака за Селмани-ако е маж и знае да навреди, тогаш треба да прифати навреда. Ако имало закана од брат ми , не треба да се плаши. Јас сум тој што треба нешто, ако треба за заканите. Не е убаво наутро да е маж, а навечер да легнува како жена. Нека биде маж и нека не оди потоа да плаче по амбасадите. Ако било тоа , да сум прифатил навреда од Насер, нека биде тогаш фидбекот и кон него од мене“-изјави Бекир Асани, нарекувајќи го претседателот на ЗНМ, Насер Селмани-ДНО.

Асани останува на навредите за НАсер Селмани , а за инцидентот порано со Лирим Дулови во 2006 за нападот тогаш тој исто вели дека тоа исто било затоа што тогаш биле нападнати челниците на ДУИ , а Лирим Дулови се нашол на погрешно место тогаш во парламентот.  И нему му се извинил.