(ВИДЕО) Испран мозок! Екстремист скока од радост дека ќе изврши самоубиствен напад

од desk3
78 прегледи

image_5828127_126

Војници на “Исламска држава” беа снимени додека влечат жрепка, за да одлучат кој ќе биде следниот кој ќе изврши самоубиствен напад, пренесува “Мирор”. Спотот покажува млад човек кој скока од радост кога сфаќа дека е негов ред да умре. Пропагандното видео, пуштено од групата покажува маж како држи две тупаници пред двајца млади борци. Еден од двајцата екстремисти ја посочува десната тупаница, мажот ја отвора, а внатре има еден камен – што значи дека тој ќе го изврши наредниот напад-самоубиство. Младиот маж очигледно верува многу силно во животот по смртта, бидејќи клипот покажува како тој вреска од радост и подрипнува, го гушка остатокот од групата. Потоа се насочува кон камионот, кое го определил за напад врз противниците на “Исламска држава”. Подоцна во видеото се гледа црн облак чад, кој расте во далечината, јасен сигнал дека младиот маж починал поради целта на џихадистите.

https://youtu.be/q5aTnM49tyA