(ВИДЕО) ЈАНЕВА пред УБК: Тапкаме во место, ама не си заминуваме додека не ја спроведеме судската наредба , одиме до крај!

од Vladimir Zorba

Во интерес на граѓаните ние ќе го спроведеме се тоа и не се повлекуваме, ако треба ќе останеме тука до 1 јануари, изјави ноќеска повторно специјалната обвинителка Катица Јанева.  Не се откажуваме!Детали и денеска на пресс во 11 часот.

sjo-1

Тапкаме во место, на мртва точка сме, но не заминувам додека не биде спроведена судската наредба и додека физички издржувам, изјави специјалната обвинителка Катица Јанева на ноќешната прес конференција на СЈО од пред МВР.

Ние нема да си одиме додека не постапиме по судските наредби, имаме целосна покриеност со дежурства, јас ќе бидат цела вечер тука, рече Јанева. Бараме да ни бидат доставени податоци за сите маркирани телефонски броеви кои се прислушувани во бараниот период,  и се сомневаме дека тие податоци ги има во УБК. Управата засега не само што нема воља туку  и покажува немање техничи и човечки капацитети да реалзира судска наредба, што е недозволиво за ваква важна државна институциј. Не сакаме да инсинуираме дали тоа е намерно или ненамерно,изјави обвинителката Ленче Ристоска .

САкаме да укажеме и дека информациирте кои се пренесуваат во јавноста  за  компаниите кои се инволвирани во случајот треба да севнимава  затоа што тие помагаат во случајот и не би сакале да им наштетиме во  нивниот имиџ и работа.. Проблематини се од УБК кои не ја спроведуваат наредбата ,  вели Ристовска.

Таа посочи дека  СЈО, по наредба на Основниот суд Скопје 1, а по претходно барање на Специјалното јавно обвинителство, побарало да ги добијат сите маркирани броеви кои биле предмет на прислушување и од СЈО се сомневаат дека истите се и во сегашниот систем, но тука има голем и невиден отпор за соработка.

„Разочарани сме што ваква институција нема ниту технички ниту човечки ресурси да одговори на судска наредба“, рече Ристоска.14800882_1079991528788301_409031441_n-720x437

За присуството на екс министерот Митко Чавков и заменик министерот  Оливер Андонов, , чие место не е во УБК тие рекоа дека биле непристојни во пристапот, и посочија дека директорот на УБК Анастасовски исто не соработувал и постојано бил опкружен со консултанти кои  го советувале како да ја блокира работата.

„Ние ќе ка спроведеме оваа судка истрага во интерес на граѓаните и ќе ги земе сите податоци кои се во интерес на овие случаи, “ беше многу конкретна специјаната обвинителка Катица Јанева

За повеќе податоци и нформации специјалната обвинителка најави дека со нови детали ќе излезат на прес конференцијата денеска во 11 часот, во седиштето на СЈО.

Еве го видео записот од ноќешниот пресс пред УБК и МВР на Јанева и Ристовска

 

 

Слични содржини