ВИДЕО: Јапонец маскиран како Џокер избоде со нож 17 луѓе во метро: „Сакам смртна казна“

од Берта Китинска

Околу 17 лица беа повредени и избодени со нож ноќеска во метрото во Токио од 24 годишен човек кој бил маскиран како ликот „Џокер“ од серијалот „Бетмен“.

На снимките објавени на социјалните мрежи се гледа како исплашени и испаничени патници бегаат од налетот на напаѓачот.

Еден од сведоците  рече дека го видел напаѓачот како оди и полека мавта со долг нож обоен со крв.

„Мислев дека тоа е трик за Ноќта на вештерките“, рече тој.

Нападот се случил во метрото каде што имало патници кои оделе на прослава на празникот Ноќ на вештерките.

Според јапонските медиуми 24 годишниот напаѓач најпрво го испрскал вагонот со запалива течност, по што предизвикал пожар во тој дел од метрото. Потоа почнал да ги боде патниците со нож, а откако сите побегнале тој седнал на едно седиште, запалил цигара и чекал да биде уапсен.

Локалните медиуми шпекулираат дека 24 годишниот Јапонец пред полицијата изјавил дека сака да добие смртна казна и заради тоа пробал да убие што е можно повеќе патници.

Слични содржини