Претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер ги предупреди земјите во искушение да водат посебна политика од онаа на заедницата дека не би можеле да постојат без Европската унија, пренесе Франс прес.
“Оние кои сметаат дека е дојдено време за расформирање на Европската унија, за поделување на делови, за разединување, многу грешат”, изјави Јункер на конференција за 25-годишнината од самитот во Мастрихт, на која беа положени основите на единствената европска валута.

Без ЕУ ниедна земја членка не е во состојба самостојно да има каква било политичка тежина во светот, истакна тој.
Денес претставуваме значаен дел од светската економија – 25 проценти од бруто домашниот производ. По десет години овој процент ќе изнесува 15 проценти, а по 20 ниту една земја од ЕУ нема да може да биде член на Г-7 самостојно, предупреди Јункер, и им контрираше евроскептиците, кои бележат пораст во многу земји во ЕУ.
Од демографска гледна точка не сме сосема на исчезнување, но намалуваме, дополни поранешниот премиер на Луксембург. Во почетокот на 20 век Европејците претставувале 20 проценти од населението на човештвото, сега сме 5-6 до 7 проценти, а во близина на овој век можеби ќе сме 4 отсто од 10 милијарди жители на планетата, истакна претседателот на ЕК .
Јункер, кој денеска наполни 62 години, е единствениот активен политичар, кој присуствувал на самитот во Мастрихт на 9 декември 1991 година. Во тоа време тој беше министер за финансии на Луксембург.
На средбата во Мастрихт држави и влади на 12 европски земји, вклучувајќи францускиот претседател Франсоа Митеран и германскиот канцелар Хелмут Кол, се договараат Европската заедница да стане сојуз, потсетува АФП.
Интересно ваквиот говор на Јункер потсети на говор на претседателот на СФРЈ Јосип Броз Тито во Сплит во 1962 год. кога ја коментира надворешно политичката, но и внатрешнтата политичка состојба на СФРЈ. Тезите за разединувањето и сојузнишвото буквално се поклопуваат.
“Ниту една наша република би била никој и ништо, ако не сме сите заедно”– додаде тогаш Тито.