Повеќето холивудски убавици го одржуваат своето тело со многу и напорни тренинзи, а дел од нив им веруваат на советите на својот личен тренер како Џенифер Лопез, на пример.
Салма Хајек сепак не е меѓу тие познати жени.
Неодамна мексиканската ѕвезда ја покажа извајаната половина за време на својот настап на црвениот тепих. И иако 48-годишната актерка изгледа прекрасно, таа самата признава дека воопшто не е фан на салата.
“Не правам вежби … Јас само го одржувам моето тело на начин преку кој ги тренирам моите мускули во текот на целиот ден”,открива Салма Хајек.
Холивудската ѕвезда сепак се обложува најогата, која дури и ја практикува сама, кога не може да присуствува на часовите.
Ако сте импресионирани од формата на речиси 50-годишната актерка, пробајте ја вежбата од видеото. Таа ќе ви помогне да го вежбате стомакот, како и да ја обликувате својата половина.