Туку-така до несвестица. Дали тоа се случува за мото на “Барселона” не е јасно.
Јасно е дека, сепак, има начин дури на ѕвезди како Лионел Меси, Нејмар и Луис Суарез топката да им биде “скриена”.
Тројцата мораше да ги понесат шегите на соиграчите по игра на т.н.. квадрат за време на тренингот. Меси, Нејмар и Суарез беа опкружени со останатите играчи, но не успеаја да стигнат до топката за време на одигрувањето.
Каталонците се подготвуваат за домаќинство на “Депортиво” во сабота. Се очекува Меси да се врати во игра на средбата, а е поверојатно да влезе како резерва.
Следната недела претстои еден од најинтересните дуели од групната фаза во Лигата на Шампионите. Каталонците го прелекуваат “Манчестер сити”, предводен од поранешниот нивни тренер Хосеп Гвардиола.