ВИДЕО: Кијану Ривс со еден потег покажа зошто е омилен актер ширум светот

од Stefanija Kuzmanovska

Кијану Ривс е еден од омилените актери ширум светот, а сите кои го познаваат тврдат дека тој е најдобриот човек што некогаш го запознале. Не се однесува вообразено и секогаш наоѓа време за своите фанови и љубезно разговара со нив.

Кијану тоа уште еднаш го докажа на промоцијата на неговиот стрип „BRZRKR“ во Лос Анџелес.

Имено, момче по име Ноа му пришло и му рекло дека Кијану му е „омилен актер на светот“. Ривс веднаш почнал да разговара со него и го прашал дали се сеќава на Дјук Кабум, ликот од анимираниот филм „Приказна за играчките 4“ кому Кијану му го позајмил гласот.

Кога момчето одговорило потврдно, актерот почнал да зборува со гласот на Кабум и го воодушевил детето, но и многу други.

„Каков човек“, „На светот му требаат повеќе луѓе како Кијану Ривс“, „Тој е толку прекрасен човек“, „Ех, да беа сите вакви“, се само дел од коментарите на социјалните мрежи под ова видео.

Слични содржини