Државата се задолжува со страшно темпо и бројките покажуваат дека долгот ќе расте и нè носи во дефинитивно должничко ропство. Единствено објаснување за што ќе се трошат тие средства е дека следи предизборен период, вели Кире Наумов, дополнителниот заменик министер за финансии во интервју за Радио Слободна Европа. Тој порачува и дека СДСМ ќе оди на избори само доколку се фер и доколку има одложување на датумот.
Господине Наумов, ги слуша ли, ги прифаќа ли вашите сугестии министерот за финансии?
Во принцип прашањето можеби е на место, онака како што гледате вие, но далеку од тоа дека ги прифаќа и ги слуша. Ако го правевме тоа немаше да стигнеме до оваа состојба во којашто за првпат многу брзо после формирањето на владата во која влеговме ние, јас како дополнителен заменик министер, немаше да стигнеме до вето, односно до онаа ситуација во којшто имавме несогласување околу тоа како треба да продолжи задолжувањето на домашниот пазар. Мислам дека на почетокот кога говоревме околу еврообврзницата која на некој начин ја договаравме, да речам договаравме, и успеав да го убедам дека не се потребни 500 милиони евра, после тоа далеку дека ги прифаќа моите сугестии. Кога зборуваме како економисти се разбираме, но потоа кога политиката, односно притисокот којшто мислам дека го има самиот министер во тоа дека мора да ги исполни сите желби кои владата или премиерот ги прави, а тие се такви какви што се, од таа причина сме во состојба во којашто секоја недела го зголемуваме долгот на домашниот пазар без согласност на дополнителниот заменик министер. Во последниот период имаме и многу послаба комуникација и да речеме една конфликта ситуација, пред сè на оваа точка, но и на други.
Владата и натаму продолжува со задолжувањата. Повторно ли постоеше опасност јавните финансии да крахираат или немаше потреба од нови задолжувања?
Кога размислувал министерот, па и гувернерот економски, кога ги согледале бројките било дека еврообрзницата е доволна да го покрие дефицитот, барем во првите шест месеци. Наеднаш после тоа, кога биле испорачани барањата коишто се секогаш такви од страна на оваа влада во месеците пред изборите доаѓа до тоа дека ние треба да правиме сè поголеми и поголеми задолжувања на домашниот пазар. Драматично е она што се случува сега, значи имаме само во првите две недели во јануари со 28 милиони евра е направено екстра ново задолжување, тоа е темпо со кое само во првите две недели веќе 10 проценти од дефицитот планиран за цела година е позајмен од домашните инвеститори. Тоа е страшно темпо и бројките покажуваат дека долгот ќе расте ако оваа влада не се смени, дека тој ќе расте и нè носи во дефинитивно должничко ропство
Повеќе ТУКА