Педро Алмодовар, познатиот кинематограф, излегува од сенката на камерата, за да позира пред неа за прв пат … во името на Prada, се разбира.
Италијанската модна куќа го избра шпанскиот филмски директор да застане како лице на новата рекламна кампања за сезоната есен-зима 2017.
Зад објективот застанува легендарниот фотограф и долгогодишен партнер на Раф Симонс – Вили Вандерпер.
Алмодовар позира со својата хумористична искреност, носејќи асиметрични модели, а проектот е снимен во култното за Prada архитектонско студио OMA.
Прелистувајќи се од режисер кон главниот лик, Алмодовар учествува и во посебен 30 секунден клип наречен Auteur во кој го гледаме филмскиот директор како се игра себе, црпејќи инспирација од минатото.
Се разбира, облечен со последните предлози на модната куќа. Секој широк кадар, дел од кампањата, со себе носи поинаков расказ.
Во еден од нив го гледаме Педро Алмодовар, како што е уловен, а во друг – позира. Кампањата е дел од новите серии на Prada, чиј концепт се карактеризира со претставувањето на вистинските херои на филмот – актерите и режисерите.
Иконскиот ракопис на италијанската модна куќа се имплементира врз светот, создаден од режисерот, за да му оддадат почит заедно и во симбиоза на уметнички пристап на двете индустрии.