(ВИДЕО) Куче преплива 10 километри, за да се врати кај сопствениците

од desk3
110 прегледи

Куче преплива 10 километри и измина уште 20 километри, за да се врати кај своето семејство откако скокнало зад јахта во езерото Мичиген, соопштија американските медиуми. Едвард Касас и неговата сопруга Кристин одлучиле преку неработните ден да излезат со јахта во езерото и го зеле семејното куче, 10-месечната белгиска овчарка Рајли.

1472718074-clipboard01

Но кога Касас отишол да провери за евентуално оштетување на моторот, а неговата сопруга го презедла управувањето, кучето скокнало зад јахтата .Мажот иповикал помош на радиостаницата и бил поврзан со волонтерска група, за потрагата по изгубени кучиња.

Следното утро човек ја забележал Рајли во блискиот камп. На крајот кучката пристигнала кај семејството и била пречекана со солзи на радост и прегратки.