(ВИДЕО) Курдите измамени: Гаѓале мамка надуен балон од наводен турски тенк “Леопард” и почнале да бегаат

од desk4
171 прегледи

Турската армија претрпела сериозни загуби во борбите со единиците на курдското движење YPG во реонот на Африн, затоа нејзината команда побарала начини за да ги заштити тенковите и БТР оклопните возила. Таа прибегнала кон дополнителна маскирања и користела “мамки”, кои помагаат да се откријат позициите на курдските борци.

Пред неколку дена една така лажна цел е погодена со противтенковски проектили Toophan-1 од иранско производство, копија на САД BGM-71 TOW, соопшти in24.org.

Всушност Турција распореди на мало ритче мамка – од надуен тенк “Леопард” кој Курдите помислиле дека е вистинска борбена машина .

Наводниот “тенк” бил погоден при што курдскиот борец веднаш се впуштил во бегство, пред да биде откриен од артилериските орудија на турските сили.

Во друг случај, среќата на Курдите беше подобра. Северно од Африн во реонот на Буљуб борци на YPG погодилеи набљудувачки пункт на радиолокациска станица и ПТУРС при што целта ја пронашле благодарение на големата антена.