(ВИДЕО) Лек за корумпирано здравство!? Брат на пациент на болница искрши со палка автомобилот на хирург

од desk3
92 прегледи

1473035206-download-1

Во градот Фрјазин, во близина на Москва, на паркингот на болница пијан роднина на пациент искрши со палка возило, сопственост на хирург. 40-годишниот маж дошол во болница, каде во тешка состојба се наоѓал неговиот брат и пред очите на пациентите почнал да ги уништува автомобилот. Мажот со извици нанел повеќе удари по возилото , неговите пријатели се обиделе да го смират, но тој дури и нив заканил со нож.

Според напаѓачот, по операцијата поврзана со лекување на цироза на црниот дроб, состојбата на неговиот брат се слошила уште полошо. Тој сметал дека лекарите неправилно го спорведуваат третманот и решил да ги казни.

Како што соопшти Life.ru, по кршењето, хулиганот се качил во автомобил заедно со своите пријатели и со голема брзина се оддалечил од паркингот на болницата како дури искршиле бариера.

Полицијата ги утврдува околностите околу инцидентот и го бара виновникот, кој се сокрил од местото на несреќата.