Мадона се обрати кон фановите од сцената во Њујорк и му предложи на секој кој гласал за кандидатот за претседател на САД Хилари Клинтон орален секс.e6606df4646a044cba479f37bbd1be5f

Снимката е објавена на Twitter страницата на корисник под името Joe. 58-годишната поп дива се пошегувала со своите вештини во оваа област и изјавила дека со задоволство ќе го стори тоа со секој кој дал глас за госпоѓа Клинтон.

Изборот за претседател на САД ќе се одржи на 8 ноември. Главните конкуренти се Хилари Клинтон и милијардерот Доналд Трамп.

Сè повеќе ѕвезди ги покажуваат преференциите кон едниот или другиот кандидат со смели изјави.

Така во добротворниот концерт во Њујорк се собраа големи ѕвезди на Холивуд и Бродвеј, за да регрутираат средства за кампањата на кандидатот на демократите за претседател.

Меѓу нив беа Џулија Робертс, Џејк Гиленхал, Сара Џесика Паркер, Емили Блант, Нил Патрик Харис и Хелен Мирен. Билетите почнуваат од 45 долари на задниот балкон, до 2700 за местата до оркестарот.