На моделот кој учествувал на неделната ревија на модата во Сао Паоло одеднаш му се слошило и потоа паднал и починал на модната писта.

Како што јавуваат бразилските медиуми, иако итно е префрлен во болница, лекарите единствено можеле само да ја констатираат смртта на 26 годишниот Талес Соарес.
Како што пренесуваат медиумите во Бразил, во прв момент се чинело дека Соарес се сопнал поради своите сандали, па во почетокот публиката помислила дека неговиот пад е дел од шоуто.