Миленичката на целиот регион и финалистка на талент шоуто „Пинкови ѕвездички“ Мартија Станојковиќ, сосема заслужено ја доби можноста оваа година да ја претставува Македонија на детскиот натпревар за избор на најдобра песна во Европа “Евровизија 2016“ во Малта.
Таа вчера ја претстави и песната заедно со снимениот спот и очигледно е дека навистина била вистинскиот избор. Евровизиските фанови веќе ја вброија во фаворитите со безброј позитивни коментари за модерниот звук и неверување дека песната доаѓа токму од Македонија.
Синглот се вика „Љубовта нè води“ (или на англиски “LOVE WILL LEAD OUR WAY”), а е дело на Александар Масевски. Видеото е на Александар Ристовски – Принц.
Песната во мрежата ја сподели самата Мартија со свое обраќање кон публиката кое ви го пренесуваме во продолжение:
Драги фанови и пријатели,
Со особено задоволство ви го претставувам мојот прв сингл насловен “ LOVE WILL LEAD OUR WAY”(ЉУБОВТА НЕ ВОДИ). Ова е воедно и песната со која ќе ја имам честа да ја претставам Македонија на овогодинешниот јуниорски евровизиски фестивал во Малта.
Голема благодарност до сите инволвирани во реализицијата на овој мој прв соло проект:
Македонската Радио Телевизија (МРТ) за довербата што ми ја даде избирајќи ме да ја претставувам Македонија;
Александар Масевски, автор и продуцент на оваа прекрасна песна;
Ивана Андоновска Свилар, мојата менторка по пеење за нејзината поддршка;
Кореографот Александра Димитриевска и сите членови на клубот за модерни танци “УЛТРА”, за одличната кореографија;
Александар Ристовски – Принц, за убавиот и кул видео запис;
Стилистката Ива Спасовска од “ATELIER BY IVA”, за модерниот и оригинален стајлинг;
Моето семејство, брат, сестра и родители за големата поддршка на патот кон успехот;
И се разбира голема благодарност до сите ВАС мои фанови и пријатели, за безрезервната поддршка во остварувањето на мојот сон. Пеам за Вас зошто без Вас сето ова би немало смисол.
Ве сакам,
Мартија <3