
Во очи паѓа жолтото лого на кое пишува РТ Петрол. До неодамна нивни сопственик беше фирмата „Руле Турс“, но овие две бензински пумпи сега имаат нов газда – Јордан Мијалков, синот на поранешниот прв човек на тајната полиција.Изградбата на новиот автопат Демир Капија – Смоквица ги прави уште поатрактивни. Се наоѓаат веднаш после големата клучка, која, како што е најавено, од оваа туристичка сезона ќе го поврзува новиот автопат со веќе постоечкиот. Сопственоста ја потврдуваат и официјалните документи од централниот регистар. Бензинските пумпи сега се на фирмата „Бест веј инвестмент „од Скопје, чиј сопственик е токму Јордан Мијалков. како управител на фирмата се јавува лицето Илија Тозија.