Двајца милионери има меѓу новите пратеници, барем според она што го пријавиле во антикорупциска како имот: Борис Змејковски и Васил Пишев. Ако пратеникот од првиот состав на собранието Змејковски пријавил само личен имот, староновиот пратеник Пишев освен сопствениот го пријавил и имотот на родителите, сопругата и децата. Змејковски води во недвижности, а Пишев во акции, информира Телма.

Борис Змејковски има куќа од 500 квадрати и три станови од по 90, 87 и 52 квадрати сите во Скопје. Има стан во Охрид и куќа и ниви во Кратово. Од градежно земјиште во Скопје има на пет локации со вкупна вредност од повеќе од 800 илјади евра, змјоделско земјиште од повеќе од пола милион евра има во Скопје и во Стуга. Магацинот во Гиновци е процент на 305 илјади евра додека, станбениот објект во Ранковци скоро 80 илјади евра, а исто толку и земјоделското земјиште во Ранковци.
И возниот парк на Змејковски не е за потценување. Како личен имот напишал дека има од возила ауди Q7 и Q5, голф 4, Тојота ланд крузер и Сеат леон. Вози два мотори хонда, еден сузуки, една санка за снег, глисер и трактор.
Пишев пак води во акциите кои ги поседува во вредност од 900 илјади евра. Но, има и недвижнини. Стан во Скопје, а земја во Скопје и Гевгелија. Во моментов гради и стан во соседна Бугарија, во Благоевград, каде што уште има и деловен простор и паркинг. Неговите роедители имаат куќа и земја во струмица и дојран. Од возила Пишев пријавил дека има Ауди, Југо и Лада, а неговата сопруга Пежо 206. На сметка пријавил заштеда од околу 20 илјади евра.
Овие двајца пратеници се далеку зад останатите 118 мина по богатството.
Целиот текст можете да го прочитате тука