ВИДЕО: Мистериозен леден диск што се врти се појави во Кина

од desk2
68 прегледи

Видео од голем леден диск, со пречник од осум метри, кој бавно се врти на површината на реката Лиао во провинцијата Лиаонинг во Кина за кратко време стане популарен на социјални мрежи.

Тоа што предизвика интерес е што дискот неприкинато се врти со константна брзина, дури и кога на него ќе затанат петнаесетина луѓе.

Многу од луѓето на социјалните мрежи шпекулираа зошто е тоа така, а научниците сепак излегоа со објаснување.

Ова не е прв пат тоа да се случува, а тим физичари од Универзитетот во Лијеж, врз основа на постар пример, објаснија дека феноменот се случува поради температурата на водата.

Како што расте температурата на водата, таа станува погуста. Мразот по краевите на дискот започнува да се топи, што создава вртлог кој почнува да го движи мразот над него. Наскоро мразот започнува да се движи и да формира кружен облик.

Вакви мистериозни ледени формации се појавуваат во неколку делови од Земјата.

Ледените дискови често се со помал пречник, па затоа и не привлекуваат големо внимание. Сепак, најголемиот досега забележан имал пречник од 17 метри.