(Видео) Мурињо се расплака зборувајќи за фудбалот

од desk2
136 прегледи

Жозе Мурињо остана без ангажман оваа сезона како фудбалски тренер, па реши да потроши дел од своето време како стручен коментарот на британски „Скај Спортс“.

Но, на Португалецот очигледно не му е лесно без својата основна професија, нешто што се забележува од фактот дека не можеше да ги сокрие солзите додека за „Газета дело Спорт“ зборувал колку му недостасува фудбалот.

– Од првиот момент кога почнав да се занимавам со професионален фудбал, осетив некој клик. Оттогаш работите се сериозни, досега тоа беа сериозни работи, без прекин. Сега кога престанав, не можам да уживам, бидејќи фудбалот ми недостасува, -истакнал Мурињо.

https://twitter.com/elchaupo/status/1162852346625482752