(ВИДЕО) Најголемите империи во историјата

од desk2
296 прегледи
Моќта на овие империи е запаметена низ векови


Видете кои империи останале во историјата запаметени според моќта:

Империјата Јуан – 13,9 милиони квадратни километри

Основана во 1271 година од Кублај Хан опфаќала територијата на денешна Монголија и Кина. Власта траела 97 години. Во нејзино време, кинеските пронајдоци – печатот, компасот и барут се шират низ светот.

Империјата Цин – 14,7 милиони квадратни километри

Основана во 1616 година од Манџурија под водство на Нурачи. Создава голема армија со осум големи армии. Постола 268 години определени, како “Епоха на просперитет”.

Умајадскиотт калифат – 15 милиони квадратни километри

Тоа е вториот и најмоќниот од четирите исламски калифати. Основан е во 661 година и постои 89 години. Ова е прва средновековна империја со сличен обем. По нејзино време арапската експанзија е на врвот.

Шпанската империја – 18.5 милиони квадратни километри

Ова е прва глобална империја во светот. Откако во 1492 година Колумбо ја открива Америка, колониите во Новиот свет стануваат суштински дел од Шпанската Империја и доведуваат до Златната Ера на Шпанија.

Руската империја – 22.8 милиони квадратни километри

Постои од 1721 до 1917 година и е плод на завојувачка политика на две династии – Рјурикови и Романови, и на големата колонизација, која довела до апсорпција на најголемата пустина во светот – Сибир.

Монголската империја – 33 милиони квадратни километри

Во 1206 година Џингис Хан ги обединува монголските племиња и за кратко време создава огромна империја која се протега од Јапонското Море до Унгарија. Имал силна, жестока војска, но слаба администрација.

Британската империја – 33.7 милиони квадратни километри

Почнува да се формира кон крајот на 15 век, во текот на големите географски откритија и постои се до средината на 20 век. Таа е најголема држава која што долго доминирала во меѓународните односи.