Иако има чуден изглед , најстарото Порше има голема улога во развојот на автомобилската индустрија.
На некои можеби им изгледа како вселенски брод на вонземјани , но овој спортски автомобил беше лично возило на Фердинанд и неговиот син Фери Порше , сопствениците и оснивачите на славниот бренд.
Автомобилот настанал така што Фердинанд Порше посакал да направи полесна верзија на KdF-Wagen, првата веризја на VW Beetle, а тоа беше подлога за развој на Порше 356.
Според стандардите во авионската индустрија , доби лесна каросерија од алуминиумска легура , а деловите се споени со нитни.
Стандардниот 1.0 мотор е зајакнат на 32 коњски сили , доволен за да достигне брзина од 141 км/час.
На 15 август овој автомобил Тип 64, ќе биде понуден бна аукција во Монтереј , каде се очекува да достигне цена од над 10 милиони долари.