
Џиновски астероид, чиј размер се поклопува со оној на познатиот облакодер Бурџ Калифа, се приближува кон Земјата. Ова беше објавено од НАСА.
Според експертите, AJ129 најблиску до нашата планета ќе биде на 4-ти февруари. Големината на астероидот може да достигне 1,7 километри. Ова е повеќе и од најголемата зграда кулата Бурџ Калифа во Дубаи, чија висина е 800 метри.
Брзината на вселенското тело е околу 34 километри во секунда, што 15 пати повеќе од она на најбрзиот авион во светот – хиперзвучниот X-15. Астероидот AJ129 кој научниците го дефинираат како “потенцијално опасен”, е најголемото небесно тело кое оваа година ќе прелета покрај нашата планета . Според истражувањето, ако падне на Земјата, планетата ќе се претвори во ледено доба. Научниците истакнуваат дека веројатноста за такво сценарио е нула.