(ВИДЕО) Науката збунета: Зошто јато на мисирки идат во круг околу мртва мачка?!

од desk2
77 прегледи
Едно видео кое деновиве се појави на интернет и со неверојатна брзина го обиколи светот, потполно може да ве остави вчудоневиден, дури и научниците не можеа да дадат соодветно објаснување.
Како што може да се забележи од видеото кое е поставено на Твитер, јато мисирки иде во круг, на среде улица околу тело на мртва мачка.

Триесетина мисирки оделе околу телото на мртвата мачка, а многумина заклучија дека чинот потсетува на ритуал од црната магија. Други веруваат дека тоа е погребен ритуал.

Алан Кракауер, биолог кои ги проучува однесувањата на птиците мисли дека станува збор за „инспекција на предаторот„. Имено кај птиците е забележано дека понекогаш животните отстапуваат од својата намера.„Инспекцијата„ може да ги исплаши напаѓачите, а можеби има и улога за да ги збуни остатаните припадници на јатото, пишува Јутарњи лист.