(ВИДЕО) Наумов: За што граѓаните плаќаа и даноци и РД такса- МРТВ тоне во долгови !

од desk3
102 прегледи

Огромните долгови на Македонската радио телевизија се потврда дека работата на јавниот сервис исклучиво како партиско гласило на ВМРО-ДПМНЕ е неодржлива.

Раководството на МРТВ за само две години долгот по основ на даноци го има зголемено за повеќе од три пати. Во јануари 2014 долгот изнесувал скоро 600.000.евра, а во февруари 2016 според листата на должници на Управата за јавни приходи долгот е повеќе од два милиони евра.

-МРТВ-тоне-во-долгови-побрзо-и-од-Владата

Неправедно е граѓаните да плаќаат даноци за да го полнат буџетот и дополнително да плаќаат Радиодифузна такса за финансирање на партиско гласило кое создава само долгови.

УЈП секоја година блокира десетици илјади граѓани и фирми поради радиодифузна такса. Тоа кај граѓаните создава дополнителни проблеми и нови и нови трошоци.

Наместо вистински јавен сервис што ќе работи во интерес на граѓаните, МРТВ е дел од пропагандната машинерија на Никола Груевски.

За период од еден месец, од 01.02.2016-29.02.2016, на МТВ1 емитувани се позитивно-промотивни прилози за ВМРО-ДПМНЕ во траење од 3 часа и 28 минути. Промотивни прилози за СДСМ се емитувани од само 37 минути, што е разлика од 3 часа. Негативни прилози за ВМРО-ДПМНЕ на МТВ1 нема, но затоа негативни прилози за СДСМ има во времетраење од 16 минути.

Ваквата работа МРТВ е уште еден доказ зошто се потребни реформи за слободни медиуми. Неопходно е да се обезбеди медиумски простор за непристрасно, балансирано и објективно информирање на граѓаните. Јавноста има право да ја знае вистината.

СДСМ ќе ја укине Радиодифузната такса и ќе обезбеди одржливо финансирање на МРТВ од буџетот.

Интегралне текст