Краток филм фрла светло врз злоупотребата на деца кои се под надзор на згрижувачки родители. Еден социјален проблем кој заслужува публицитет. Постојат многу згрижувачки родители кои ги злоупотребуваат напуштените деца, кои бараат од нив да бидат послуга и да си ” го заработат” покривот над главата и храната.

Децата кои се напуштени, а потоа спаѓаат во згрижувачки семејства треба да бидат многу силни, за да се справат со тешкотиите кои понекогаш ги прави жртви на животот.
Тука можеме да се сетиме за многу приказни и бајки, пример – Пепелашка, сите ја знаеме нејзината историја. Тажно е кога приказните за некои се жестоката реалноста.
Има и многу приказни, во кои посвоени деца се принудени да станат крадци и проститттки, што дури е недозволиво, но во нашиот свет се случува некаде на некого и тоа во моментов. Ова мора да престане, ние како дел од ова општество сме социјално ангажирани и треба да помогнеме – со она што можеме.
Вистината е дека секое дете, без разлика дали посвоено или родено, заслужува многу љубов и многу грижи. Секое дете треба да има шанса да проживее среќно детство.
Оваа приказна е убаво да се споделува, бидејќи општеството треба да биде информирано!