Израел го одложи ослободувањето на повеќе од 100 палестински затвореници, откако ослободувањето на израелските заложници беше проследено со хаотични сцени во Газа.
Би-би-си веќе добиле потврда дека израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, заедно со министерот за одбрана Израел Кац, наредиле одложување на ослободувањето на палестинските затвореници.
Ова доаѓа по хаотичните сцени во Кан Јунис претходно, за време на трансферот на седум заложници.
Од канцеларијата на Нетанјаху велат дека одложувањето ќе биде на сила „додека не се гарантира безбедното излегување на нашите заложници во следните неколку дена. Израел бара од посредниците да го постигнат тоа“.
Ројтерс известува дека на автобусите што ги превезувале затворениците им било кажано да се вратат во затворите.
Седум заложници, двајца Израелци и пет Тајланѓани беа ослободени во Кан Јунис претходно, додека стотици луѓе го преплавија просторот околу конвојот на Црвениот крст
Еден од израелските заложници, Арбел Јехуд, беше виден како е воден низ толпата од маскирани вооружени лица, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху рече дека тоа се „шокантни сцени“.