Ким Кардашијан не се чувствува толку добро, 9 дена по страшниот инцидент кога беше ограбена во Париз.

Нејзината помала сестра Клои Кардашијан, се појави во емисијата “The Ellen DeGeneres Show” и го прекина молкот за мулти-милионскиот грабеж. 32-годишната риалити ѕвезда зборуваше за последиците од грабежот врз нејзиното семејство.
“Неверојатно трауматично е тоа што и се случи. Но, нашата фамилија е многу блиска и ние ќе го пребродиме ова заедно. Ние ја цениме и љубовта и поддршката од нашите обожаватели, но потребно е да помине некое време. Знаете, ужасно беше тоа што и се случи на неа” изјави таа.

“Мислам дека тоа е само повик за будење за да се направат многу животни промени. Ова е многу сериозна работа за Ким. Мислам дека тоа е навистина лично, тој емотивен терор и кога ќе може тоа да го надмине. Тоа е повик за будење за сите нас, но дефинитивно фокусот е да бидеме сигурни дека нашата сестра се чувствува добро” објасни Клои.

Една од мерките за претпазливост е тоа што тие го прекинаа снимањето на нивното шоу “Keeping Up With The Kardashians”, додека Ким се опоравува.

Ким беше ограбена на 2 октомври додека престојуваше во Париз, поради модната недела. 5 маскирани мажи, облечени како полицајци и впериле пиштол во главата, ја врзале и ја фрлиле во бањата, откако таа молела за нејзиниот живот. Крадците избегале со накит во вредност од 11 милиони долари. Истрагата се уште е во тек.