(ВИДЕО) Нов мурал на Банкси – дете со капа си игра на „снегот“

од desk4
108 прегледи

 Британскиот графити уметник Банкси потврди дека тој е автор на муралот што осамна на една гаража во Порт Талбот, градот со железарница во јужен Велс.

https://www.facebook.com/BBCOne/videos/736053563439201/

На делото, од еден агол се гледа дете со зимска капа и санка како ужива во врнежите од снег и се обидува да дофати снегулки со јазикот. Но од другата страна, јасно е дека она што всушност паѓа врз момчето не е снег туку пепел од запален контејнер.

Банкси објави фотографија од муралот на својата веб страница, а жителите на градот бараат делото да се стави под заштита.

Оваа година, Светската здравствена организација (СЗО) објави дека Порт Талбот е најзагаден град во Велика Британија. Но во мај, Советот на градот рече дека СЗО имала погрешни податоци и дека им се извинила.