Автомобил бомба екслподира на автобуска станица.

Две лица загинаа, а други 16 се повредени во експлозијата, која избувна утрово во турскиот град Адана. Претходно се јавуваше за петмина повредени.

Експлозијата избувнала на автобуска станица пред канцеларијата на гувернерот на регионот. Самиот тој не е повреден.
Според првичните податоци, експлозијата е предизвикана од автомобил бомба. Пожарникари го гаснат огнот.
Областа е отцепена од полиција.