(видео) Нови изборни инциденти во Русија: Запалена гласачка кутија и спречен напад со „молотов коктел“

Претходно утринава имаше повеќе инциденти во кои дисиденти се обиделе да ги уништат гласачките ливчиња полевајќи ги со зелена хемикалија во течност и со мастило

од Бети Божиноска

Неистомислениците против Путин низ целата земја предизвикуваат прекини во гласањето на за претседателските избори, пренесува британски „Експрес“.

Според пишувањата на британскиот таблоид, жена запалила гласачка кабина на едно од гласачките места во Југоисточниот административен округ во Москва. Жената може да се соочи со казна од 3 до 5 години.

Во меѓувреме, ТАСС извести дека полицијата во Санкт Петербург спречила девојка да фрли молотов коктел на  избирачко место, а во индицентот нема повредени.

 

Според постот на „Телеграм“ на претседателот на градската изборна комисија, Максим Меиксин, „девојка на околу 20 години се обидела да фрли „молотов коктел“, но брзо била спречена од полициските службеници.“  Истрагата за инцидентот е во тек.

Како што појаснија за ТАСС градските оперативни служби, уапсената била студентка на еден од универзитетите во Санкт Петербург, и, според прелиминарните податоци, постапувала по инструкциите што наводно ги добила преку телефон од претплатник со украински број.

Претходно утринава имаше повеќе инциденти во кои дисиденти се обиделе да ги уништат гласачките ливчиња полевајќи ги со зелена хемикалија во течност и со мастило. И во еден од тие случаи, претапничката зборвалча на телефон со некого, што укажува на кооридниран и однадвор кооридиран инцидент.

Слични содржини