(ВИДЕО) Нухиу: МВР ќе ги употреби сите капацитети за целосно расчистување на нападот врз новинарите на А1он

од desk2

Во мое име и во име на МВР сакам да ги осудам последните настани и да ве уверам дека Министерството ќе ги употреби сите капацитети за целосно да ги расчисти овие случаи, информира а1он.

Ќе бидат санкционирани сите обиди за нарушување за јавниот ред и мир, изјави на денешната прес конференција Министерот за внатрешни работи Агим Нухиу.

– Апелираме до сите граѓани на Република Македонија да се воздржат од секаков вид на насилство и нарушување на правниот поредок и уставните вредности. Граѓаните имаат право да протестираат, на демократски начин, да се собираат на јавни места и да ги изразат своите ставови, но Законот за јавниот ред и мир мора да се почитува. Сите свои ставови и мислења да ги изразат без нарушување на правните суштински вредности, вели Нухиу./извор а1он

Слични содржини