На радарот на Националната метеоролошка служба на САД во вторникот се појави голема дамка , за која веднаш не знаеја што може да биде.

Метеоролозите веднаш утврдиле дека не станува збор за облак од дожд , туку дека над јужна Калифорнија се надвил огромен рој од бубамари. Метеорологот Џо Дандреа вели дека ројот се појавил над Сан Диего и бил широк 129 километри.
Бубамарите летале на височина од 1,5 до 2,7 километри , а групата со најголема концентрација била широка 16 километри.
Научниците сметаат дека оваа појава се должи на сезоната на парење на бубамарите кои мигрираат од планината Сиера Невада кон долините , каде има и повеќе храна.