(ВИДЕО) Охрид: На -20 останаа под ведро небо, причина пожар кој ја голтна нивната куќа

од Vladimir Zorba
79 прегледи
На -20 останаа под ведро небо. Вчеравечер  на поларни температури страотен пожар во центарот на Охрид му го пеплоса домот на семејството Садик, информира 24Вести. Пламените јазици започнале од оџако,т а по кратко време  целосно им ја уништиле покуќнината, облеката  сите вредни работи нивните спомени.
Низ солзи, сестрите  Садик велат дека пожарот немало да биде фатален ако противпожарните екипи стигнеле навреме, а не по доцнење од половина час.
Од против позарната служба пак демантраат, велат дека интервенирале навреме и го спречиле проширувањето на пожарот кон соседните куќи.
Во меѓувреме, семејството се надева  апелира на помош од хуманите луѓе и надлежните институции студените денови да не ги помине на улица.
Утринава помош стигнала од Црвениот крст, неколку великодушни соседи и граѓани кои на семејството му понудиле привремено  ноќевање. Попладнево финансиска помош за смејството вети и градоначалникот, а деновиве ке се знае со колкава сума општината ке ја помогне израдбата на нов дом за семејството Садик./извор 24Вести