Прва статуа со ликот на славниот британски музичар Дејвид Боуви откриена е вчера во британскиот град Ејлсбери, каде тој голем уметник за прв пат го „претстави“ ликот на Ziggy Stardust.

Боуви инспирација за тој лик пронајде во реална личност, британскиот рокенрол пејач Винс Тејлор, кој после нервен слом почнал да верува дека тој е преодно суштество помеѓу вонземјанин и Бог.
Песната се наоѓа на албумот „The rise and fall of Ziggy Stardust and the spiders from Mars“, кој на Дејвид Боуви му донесе голема британска и светска музичка слава.

Бронзената фигура со неговиот лик поставена е на плоштад во Ејлсбери, и на неа е претставен „опуштен“ Дејвид Боуви и неговото „алтер его“.
Творецот на скулптурата е вајарот Андру Синклер, кој користеше маска од Боуви за снимањето на филмот „The man who fell to Earth“, за подобро да ја произнесе неговата личност.