Јутуб ѕвездата Остин Џоунс, кој се прослави со обработка на познати поп хитови на Интернет, ќе помине најмалку пет, а најмногу 20 години во затвор, поради производство и дистрибуција на детска порнографија, затоа што малолетни обожувателки поттикнувал да му праќаат фотографии на кои се голи.

Џоунс (26) пред судот во Чикаго ја призна вината, а до изрекување на пресудата може да побара психијатриска помош.
Тој од 2010 до 2017 година од десетици девојчиња барал да му пратат фотографии без облека, а најстарата нмеѓу нив имала 15 години.
Тој им пишувал: „Биди среќна што воопшто ти обрнувам внимание. На следната фотографија биди без гаќички за да докажеш дека си ми најголема обожувателка“.
Казната ќе му биде изречена во мај.