220
Американската пејачка Пинк пушти клип за песната “90 Days”, во кој се снимала заедно со нејзиниот сопруг Кери Хартам.
Видеото било снимено помеѓу нејзините концерти во Портланд и Детроит. Пинк и Кери сакале да покажат колку е тешко истовремено да имаш семејство и да настапи во различни градови, далеку од своите најблиски и сакани.
Поради оваа причина клипот на пејачката започна со фрагмент од нејзиното учество во “Шоуто на Елен Деџенерис”, во кое раскажува за своите деца.
Пинк рече дека клипот е забавен и се надева дека нејзините обожаватели ќе ја сакаат нејзината работа.
“Тимската работа им овозможува на сите соништа да се остварат “, напиша Пинк на Инстаграм.